По 5 години криење, конечно како двојка: Младите актери во прегратка на венчавката на пријател
Иако со години се шпекулираше дека се во врска, тие велеа дека помеѓу нив не постои ништо повеќе од пријателство, а откако беа видени како се бакнуваат повеќе нема простор за сомнежи...
Најновиот „Спајдермен“, Том Холанд (25) и актерката Зендаја (24) веќе 5 години се тема на разговор во американските медиуми, но откако папараците неодамна ги уловија како разменуваат бакнежи во автомобил, повеќе нема сомнежи.
Тие и понатаму не ги коментираат наводите дека се во вркса, но сега се појавија како двојка. Имено, беа гости на интимна венчавка кај нивниот пријател Џош Флорез во Калифорнија, а во еден момент позираа додека Том ја прегрнуваше Зендаја.
На профилите кои ги водат нивните обожаватели може да се најдат повеќе видеа на кои се гледа и дека заедно танцувале и славеле цела вечер, а се појавила и фотографија на која двојата седи насмеана.