По Богдана и Бојана: И третата сестра Родиќ е во врска со син на позната фолк пејачка (ФОТО)
Иако веќе долго време тврдат дека се само пријатели, многумина мислат дека новото момче на Наташа Родиќ е синот на Злата Петровиќ и Зоран Пејиќ Пеќ!
Со месеци се шпекулира дека Наташа Родиќ, како и нејзините сестри Богдана и Бојана, е во врска со син на популарна фолк пејачка!
Откако Богдана се омажи за Вељко Ражнатовиќ, синот на Цеца, а Бојана за Мирко Шијан, синот на Гоца Божиновска, долго време се зборува дека Наташа е со Јован Пејиќ, синот на Злата Петровиќ и Зоран Пејиќ Пеја.
Иако веќе долго време велат дека се само пријатели, последниот пост на Наташа Родиќ на Инстаграм може да биде доказ дека тие, сепак, се нешто повеќе од тоа.
Наташа преку социјалните мрежи откри дека е во емотивна врска, па направи слика како изгледа романтична средба со нејзиното момче.
извор:GLOSSY
фото:instagram