По бурниот љубовен живот, нејзиното срце го освои скромен студент: Бела Хадид се вери?
Бела Хадид престојува во Рим поради новата фотосесија, а со момчето е забележана на едно интересно место...
Манекенката Бела Хадид работи на кампањата за модната куќа „Фенди“ и престојува во Рим со момчето Марк Калман.
Она што ги заинтересира медиумите е тоа што оваа двојка е видена во една италијанска златарница во која Бела пробува различни прстени. По ова заминале до познатата фонтана да фрлат парички, каде што се бакнале.
Сите се прашуваат дали Бела Хадид се вери?
Да потсетиме, за нејзиниот избраник Марк не се знае многу, а се зборува дека тој е уметнички директор и ги дизајнира кориците на албумите на познатите личности. Оваа двојка се има запознаено преку заеднички пријатели, а уште минатата година беа забележани заедно во Њујорк.
Судејќи според Инстаграм, момчето на Бела е скромно и го следат само неколку илјади луѓе, додека профилот му е заклучен. Ова е нејзината прва јавна врска по последната разделба, додека претходно беше со Џордан Кларк, Џордан Барет, Ентони Џошуа, кои се апсолутна спротивност на нејзиниот сегашен избраник.
фото: Принтскрин / Инстаграм