По Цеца и Анастасија раскина со момчето: По 5 години врска стави крај на врската со Ѓорѓе
Причината за разделбата ја образложија во соопштение за медиумите...
Неколку недели наназад во јавноста се шпекулираше дека Анастасија Ражнатовиќ и нејзиното момче Ѓорѓе Куљиќ ставиле крај на нивната љубовна врска, а сето тоа се случило поради тоа што поминувале многу малку време заедн во Србија поради одвоените патувања и деловни обврски.
Анастасија и Ѓорѓе по 5 години забавување вчера ставија точка на својата љубовна приказна.
Причината за разделбата, но и другите во овој момент ненадминливи разлика ги пишува во соопштението за јавноста.
„Разделбата е всушност заеднички договор на Анастасија и нејзиното момче, а бидејќи не постојат трети личности, Анастасија и Ѓорѓе се разделија пријателски“ - наведено е во соопштението.
За потсетување, Анстасија и Ѓорѓе почнаа да се забавуваат на прославата по повод Новата 2017 година. Првите години, Ражнатовиќ не сакаше за медиумите да кажува ништо за својата врска и се трудеше сите детали од нивниот однос да ги сокрие од јавноста.
По нешто повеќе од една година врска, Анастасија сепак неколку пати зборуваше за својата љубов со младиот бизнисмен, но никогаш не се фотографираа заедно за магазините, туку постојат само фотографии од папараците за време на некои семејни прослави.