По долга пауза Лејди Гага им се обрати на обожавателите: Призна дека долго време се бори со оваа болест ФОТО
По подолга
пауза Лејди Гага им се обрати на своите фанови и на јавноста, а нејзината
објава е уште поемотивна ако се земе предвид фактот дека се бореше со депресија
и опасна болест.
Во опширното обраќање, таа изјави дека во тешките моменти пишувала и продуцирала музика за „специјален проект“.
-Сакав да споделам личен момент со вас денес. Знам дека не го правам тоа во последно време и некои од вас навистина ме чекаат да споделам повеќе од мојот уметнички процес. Од минатото лето, мојата креативност ја доживувам на навистина посебен и приватен начин - пишував и продуцирав музика за посебен проект, со месеци се подготвував развивајќи го мојот лик за вториот филм „Џокер“, го снимав „Џокер“ долги месеци ја водев мојата компанија “Haus Labs“, се занимавав со филантропска работа, а дополнително работев и на монтажа на филмот „The Chromatica Ball“. Можам да кажам за прв пат по многу години дека мојата љубов кон создавање уметност, музика, мода и поддршка на заедницата никогаш не била поисполнета“, започна Гага и додаде:
„Можеби не споделувам толку многу од себе на мрежите како во минатото, но се надевам дека знаете дека овој пат за мене беше исклучително лековит и ми го исполни срцето, умот, телото и креативноста - да создавам во себе и да имам личен живот кој е само за мене. Сигурена сум дека некои од вас би можеле да се чувствуваат поинаку затоа што не сум била отсекогаш толку таинствена (се обложувам дека тоа ќе ги насмее некои од вас), но ги сакам моите обожаватели, моите „мали чудовишта“ и тоа никогаш нема да се промени. Не можам ни да почнам да опишам колку нашата глобална заедница ме инспирира секој ден да внесам што повеќе радост во вашите животи. Еве фотографија од мојата монтажна работа на „The Chromatica Ball“ (тоа е кадар од филмот зад мене) - едвај чекам да го доживеете. Ви благодарам што сте спремни да растете со мене за да можам да се променам и трансформирам со заедницата што ја сакам толку многу. Се надевам дека ги сакате сите работи кои ги создадов за вас и се надевам дека ова е мал потсетник за мојата длабока страст и посветеност на уметноста, напиша таа.
Да потсетиме дека Гага се повлече од јавноста за да се излечи од депресија и да поработи на своето ментално здравје, но и на нови проекти.
Концертниот филм на Лејди Гага за „The Chromatica Ball Tour“ наскоро ќе ја види светлината на денот, а минатата година Гага одржа 19 концерти како дел од нејзината турнеја „The Chromatica Ball“.
Гага не криеше дека се борела со депресија и имала самоубиствени мисли, а открила и дека боледува од автоимуна болест фибромијалгија која предизвикува несвестица и грчеви во мускулите.