По Џенифер Лопез и Џејла Рамовиќ: Младата пејачка во најпосакуваното модно парче за оваа есен

По Џенифер Лопез и Џејла Рамовиќ: Младата пејачка во најпосакуваното модно парче за оваа есен

Објавена во: Мода // In and Out

Пејачката и победничка на натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“ неодамна се пресели во Барселона, каде се запиша на факултет, па моментално максимално е посветена на студиите и на прилагодувањето на животот во странство. Сепак, секогаш наоѓа и малку време за опуштање, па така Џејла неодамна им покажа на своите следбеници на Инстаграм дека ужива во ноќниот живот на Шпанија.

За оваа прилика, убавата пејачка која е позната по својот тренди стил, облече многу едноставна комбинација, која, без сомнеж привлече големо внимание. Во прашање е црн ролка - фустан, кој ја следи линијата на телото и на многу суптилен начин ја нагласува фигурата. Плетените фустани со ролка се апсолутен хит за оваа есен, а неодамна сличен носеше и латино дивата Џенифер Лопез. Помалку провокативна варијанта минатата зима носеше шведската принцеза Софија, но и многу други познати музички ѕвезди.

Моделот кој го носеше младата пејачка е таков што има благи набори во пределот на рамената, ракавите се долги и тесни, а посебен детаљ е отворот. Џејла на овој фустан би можела да облече и додаде било што, а таа се одлучи за длабоки „combat“ чизми, кои имаат обичен рамен ѓон и кои се многу практични (и популарни).



Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: