По една деценија Мајли Сајрус сфати што си направи на себе: „Сакам да бидам 100% здрава“

По една деценија Мајли Сајрус сфати што си направи на себе: „Сакам да бидам 100% здрава“

Објавена во: Stars // Музика

Сите се сеќаваме на моментот дека Мајли Сајрус по Дизни кариерата потполно подиве, но десет години подоцна, таа конечно сфати каква штета си нанесе на себе. Во разговорот со магазинот Variety, поп ѕвездата откри шокантен факт за себе, а тоа е дека веќе шест месеци е потполно трезна.

Како што истакнува Мајли, таа сега сфатила колку била глупава бидејќи мислела дека е супер да бидеш пијан и да користиш марихуана, која за жал често се претставува како нешто безопасно. Исто така истакна и дека останала трезна со сила, но дека подоцна сфатила дека баш тоа и било потребно. 

„Трезна сум веќе половина година. На почетокот, тоа го направив поради операцијата на гласните жици“ - признава пејачката. „Мојата мајка е посвоена, па од неа наследив некои чувства, како чувството на напуштеност и желбата да покажам дека сум сакана и дека вредам. Родителите на мојот татко се развеле кога тој имал три години, па така и мојот татко израснал сам. Сам ја проучувал историјата на нашето семејство во кое имало многу проблеми со зависноста и менталното здравје.“

Таа вели дека тоа конечно ја навело да размислува за тоа дека претходниот период од животот го потрошила на глупости, а обожавателите често се плашеле за нејзиното здравје. „Почнав да се прашувам зошто сум ваква? Доколку го разбереме минатото, ќе ги разбереме и сегашноста и иднината многу подобро. Мислам дека терапијата е одлична работа.“ 

Мајли раскажа и за тоа колку се страшни предрасудите дека луѓето кои не пијат и не се дрогираат се многу здодевни. „Луѓе, за мене можете да кажете многу работи, но знам дека сум забавна! Она што јас го сакам сега е да бидам 100% здрава. Не сакам повеќе да бидам во полусвесна состојба. Сакам да бидам подготвена.“ 

Интересен е фактот што родителите на Мајли и понатаму користат марихуана во голема мера, но таа често им го покажува своето интервју во кое вели: „Секој кој пуши марихуана е смотан“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: