По многу солзи и молитви: Бебето родено со тежина од 455 грама си оди дома по речиси 500 дена поминати во болница (ВИДЕО)
Предвремено
роденото бебе тешко
само 455гја покажа својата неверојатна сила на воин
за време на неговото 16-месечно медицинско патување кое започна од денот на
неговото раѓање!
На 1 ноември 2023 година, Грејсон Батлер го напушти единствениот дом што го знаеше, детската болница Блитдејл во Валхала, Њујорк. Молитвите и солзите за тие 500 дена кои ги помина во болница му ја “дадоа“ потребната сила, од оваа битка на самиот почеток на неговиот живот да излезе како победник.
Приказната за„Чудото од бебе“Родено на 27 јуни 2022 година од родителите Мона Харпер и Џефри Батлер, од Бронкс го обиколи целиот свет, а родителите пресреќни изјавија:
„Многу непроспиени ноќи, многу солзи, многу молитви, многу плачење“, се присети неговата мајка Мона Харпер. „Сè на сè, ние сме исполнети со радост затоа што мојот син е тука со нас. Тој е чудо од бебе“.
Грејсон е роден 16 недели предвреме, тежел само 455 грама и бил со големина на кесичка „брашно“. Новороденчето било родено со вродена срцева мана и хронично белодробно заболување имало 20% шанси да преживее. Тоа се неверојатно мали шанси, сепак, молитвите вродиле со плод!
Со помош на лекарите, медицинските сестри и медицинскиот персонал, малиот Грејсон се обиуваше секој ден за да биде подобар. Бебебто сите тие денови преживеало 15 трансфузии на крв, пет напади на пневмонија и две операции! Покрај детската болница Блајтдејл, Грејсон бил лекуван и во четири други медицински установи.
Момчето ја напуштило болницата по 500 дена
Конечно, Грејсон, тежок 9 килограми, успеал да ја напушти детската болница да го започне животот во својот вистински дом.
„Кога ќе дојдам наутро, знам дека е добар затоа што ако го скокотнам, се тркала низ креветот и се смее“.
Воодушевен и горд, Џефри беше среќен за силата на својот син. Иако Џефри знае дека Грејсон може да заостанува во некои области за разлика од своите врсници, но тој не е загрижен. Гледа дека Грејсон има „смисла за хумор“ и е „паметен“.