По неговиот бакнеж пет дена не сакав да го мијам образот: Анастасија за симпатиите од детството, ја терала мајка ѝ да се забавува со еден од нив
Пејачката не поштеди никој, а успеа да изненади и со острината...
Анастасија Ражнатовиќ реши повеќе да нема влакна на јазикот, па, во првото телевизиско појавување по разделбата, реши да даде одговор на сите прашања.
За време на гостувањето во емисијата на Огњен Амиџиќ, таа ги насмеа сите кога откри кои биле нејзините симпатии кога била девојче, па дури и мајка ѝ Светлана Цеца Ражнатовиќ ја терала да се забавува со еден од нив.
„Виктор Савиќ, тој го знаеше тоа, одев на неговите претстави. Жељко Јоксимовиќ исто така ми се допаѓаше, па ја терав мајка ми да се забавува со него затоа што јас бев многу мала, а тој беше многу постар од мене. И Енрике Иглесијас. И за 11-от роденден мајка ми ми организираше да одам на неговиот концерт во Белград, да го запознаам, ме бакна во образ и не сакав пет дена да го мијам образот“ - раскажа Анастасија.
Анастасија ја замолија да даде искрено мислење за Јелена Карлеуша, на што таа не сакаше да одговори, но како од топ кажа кој е лажниот пријател на нејзиното семејство.
„Саша Видиќ. Зарем морам нешто да додавам?“ - кажа таа.