По неколку состаноци запловија во врска на далечина: Откриени детали од врската на Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ

По неколку состаноци запловија во врска на далечина: Откриени детали од врската на Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ и популарна пејачка од неодамна е во љубов со српскиот фудбалски репрезентативец...

Пејачката Анатасија Ражнатовиќ веќе некое време е во врска со фудбалерот на српската репрезентација и Севиља, Немања Гудељ, тврдат српските медиуми.

Како што пишува „Блиц“, оваа љубов трае кратко, па Анастасија уште го нема запознаено спортистот со своето семејство, иако неговите најблиски имаа можност да се запознаат со неа.

„Цеца досега немаше можност да го запознае Гудељ. Немања беше два пати во Србија поради Анастасија во претходните неколку недели, но нејзината мајка ја нема запозаено. Бидејќи се разделини поради неговиот ангажман во Севиља, сакаат секој час од заедничкото време да го искористат сами“ - кажа неименуван извор за „Блиц“.

Тој додаде дека иако се кратко заедно, веќе прават планови за иднина, а Анастасија има одличен однос со сестрата на Немања.

„Анастасија и Немања одлично се согласуваат, уживаат во врската и засега им е сѐ супер. Иако врската им е на почетокот, имаат бројни планови за следниот период. Во план им е заедничко патување, а таа постојано се слуша со неговата сестра Вања“.

Како што споменува „Блиц“, Анастасија пред неколку дена отпатувала кај својот сакан. Љубовната приказна на оваа тазе двојка започнала преку пријатели, а по неколку заеднички излегувања тие започнале љубовна врска.

„Навистина мислам дека не останав недокажана, бидејќи сѐ во врска со таа приказна кажав како што е, иако се очекува да е многу побомбастично и подраматично. Немаше страдање. Ние сме возрасни луѓе, цивилизирано се разделивме и продолживме понатаму, секој по својот пат“ - своевремено истакна Анастасија за крајот на врската со Ѓорѓе и додаде дека тој не ја разочарал и повредил:

„Не, никогаш. Тој е прекрасна личност и навистина од срце му посакувам прекрасен живот и иднина. Секогаш сум отворена за љубов и за убави чувства. За мене љубовта е нешто најубаво на светот.“

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: