По последната операција личи на вонземјанин: Најлошиот ботокс кој некогаш сме го виделе го има Мадона
Потполно се уништи...
Познатата пејачка Мадона на Инстаграм сподели фотографија на која позира во малку поинакво издание, со очила и розова коса, но она што првично нејзините обожаватели го забележаа е обликот на нејзиното лице.
Иако намерата и била со објавата да ги поттикне Американците да излезат на претседателските избори, најголем број од коментарите се на сметка на нејзиниот изглед и обожавателите се прашуваат дали станува збор за филтри или многу лош ботокс.
„Ова не е мојата кралица. Личиш на вонземјанец од филмовите. Пластичниот хирург ужасно ја завршил својата работа. Дали е ова вистина?“ - гласи еден од коментарите.
„Престани со пластичните операции, претера“ - ѝ порачаа обожавателите.
Имаше и такви кои ја бранеа прочуената кралица на поп музиката и истакнаа дека таа во секое издание изгледа одлично.