По повод роденденот на Петре М. Андреевски, тимот на „Арс Ламина“ го посети родното место Слоештица и однесе изданија од неговите дела

По повод роденденот на Петре М. Андреевски, тимот на „Арс Ламина“ го посети родното место Слоештица и однесе изданија од неговите дела

Објавена во: После „Школо“ // PR

Да се чува сеќавањето и творештвото на бардовите на македонската книжевност е обврска на секој од нас, поради што неодамна „Арс Ламина – публикации“ реобјави дела на Петре М. Андреевски, а по повод неговиот роденден, 25 јуни, тимот на издавачката куќа го посети и неговото родно место Слоештица и му оддаде почит. Во селото има патокази кои насочуваат кон клучни места поврзани со писателот Андреевски. Уште на влезот стои дрвена табла со ликот на Петре испишана со зборови од кои е сочинето неговото творештво и кои се препознатливи за неговите дела. Изработен е од неговата внука Воскресија Андреевска која воедно ги креираше и илустрациите за делата на Петре М. Андреевски, објавени во рамки на едицијата „Македонски книжевни класици“.

Воскресија Андреевска со своја творба со ликот на Петре

– Последната станица на нашата посета беше неговата вечна куќа. Неговиот син и уметник, Сергеј Андреевски, ни откри дека Петре го споделува ова почивалиште со Велика, неговата хероина од романот Пиреј. Авторот и неговиот лик соединети – сознание што предизвикува морници. Покрај гробот исправена стои статуа со неговиот лик. Ја изработил негов пријател-скулптор уште додека бил жив. Кога ја видел, се доживеал како да се огледува во огледало. Наместо цвеќе, како роденденски подарок му ги донесовме најновите изданија на неговите дела, реанимирани со цртежите од неговата внука, уметницата Воскресија Андреевска и сработени со посебна почит како што зограф создава нечиј свет лик. И токму таму, се заветивме дека ќе го чуваме од заборав, ликот и делото на неговото величие – Петре М. Андреевски – велат од тимот на „Арс Ламина“, кои ја посетија Слоештица за роденденот на книжевниот великан.

Семејството на Петре М. Андреевски
Освен во сите книжарници „Литература.мк“, книгите можат да се купат и онлајн на интернет-страницата www.literatura.mk, а исто така ќе бидат достапни и во сите продажни места на весникот „Слободен печат“. Периодов во продажба се најдоа: првите две изданија од едицијата, романот Тунел и во едно издание расказите Боемите и стихозбирката Пофалби и поплаки, потоа (во едно издание) незавршениот и последен роман на Андреевски, Бежанци и збирката песни Јазли, и стихозбирката Лакримариј. Од вчера заедно со весникот „Слободен печат“ можат да се купат и романот Последните селани и стихозбирката Дални наковални, а во периодот што следува, ќе бидат достапни во продажба и останатите дела:романот Скакулци и стихозбиркитеИ на небо и на земја и Вечна куќа: тажаленки. Во посебна едиција ќе биде објавена и поетската збирка за деца Шарам барам.
Од издавачката куќа најавуваат и проширување на едицијата „Македонски книжевни класици“ со нови дела од македонски писатели кои ги афирмирале македонскиот јазик и македонската книжевност и со нивните творби и нивнатадејност нè задолжиле да го сочуваме создаденото и да ја продолжиме нивната мисија.
Галерија од посетата на тимот на „Арс Ламина“  на родното место на Петре М. Андреевски, Слоештица:


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: