По примерот на ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“: Од изолација охриѓани воодушевија со „Охридска рапсодија“
По примерот на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“, група охриѓани од изолација направија кавер на култната песна на КВИН. На иницијатива на Никола Јосифовски тие ја изведоа „Bohemian Rhapsody“, а видеата од над 70 граѓани го склопи Пеце Настески.
Во овие денови ова видео е вистинска позитива, но истовремено и хит на социјалните мрежи.