По проблемите со Ким, Канје Вест се посвети на бизнисот: Раперот стана најбогатиот афро-американец во светот!
Благодарение на
бизнисот со патики, раперот ја зголеми вредноста на своето богатство и со тоа
ги надмина сите претходници
Американскиот рапер Канје Вест ја зголеми вредноста на своето богатство на 6,6 милијарди долари и со тоа стана најбогатиот Афро-Американец во светот.
Канје минатата година беше на списокот на најбогати, а тогаш, според списанието „Форбс магазин“, неговото богатство изнесуваше 1,3 милијарди долари.
Според последните информации, Канје станал најбогатиот Афроамериканец во светот, и материјално ги надмина Опра и нејзините 3,5 милијарди долари, Мајкл Џордан со 2,2 милијарди долари и Роберт Џејмс Смит кој поседува 6,5 милијарди долари.
Имено, Канје го води бизнисот со патики и облека „Yeezy“, кој сега соработува со компаниите „Adidas AG“ и „Gap Inc“, а вредноста се проценува помеѓу 3,2 милијарди и 4,7 милијарди долари. Бидејќи Канје е единствен сопственик, таа сума се додава на неговата нето вредност од 1,9 милијарди долари.
Вредноста на новата соработка помеѓу брендот „Gap Inc“ и „Yeezy“, и облеката што треба да пристигне во продавниците ова лето, може да вреди дури 970 милиони долари од вкупната сума, објави „Блумберг“, повикувајќи се на проценка на банката.
Очигледно, по проблемите во бракот со Ким Кардашијан, раперот сериозно ја сфатил својата деловна активност.
Фото: Shutterstock