По стапките на мама: Блу Ајви стана една од најмладите добитнички на Греми
Скоро целото семејство си замина дома со награда...
Блу Ајви Картер вчера вечер ја подели наградата Греми со својата мајка Бијонсе. Оваа 9 - годишна девојка го освои својот прв златен грамофон за најдобро музичко видео, за песната „Brown Skin Girl“.
Со ова Блу Ајви стана втората најмлада добитничка на оваа награда, по Ли Писал од „The Peasall Sisters“ која во 2001 година беше наградена со Греми за музиката од филмот „O Brother, Where Art Thou?“.
Најстарата ќерка во семејството Картер наградата ја подели со Сејнт Џон, Визкид и режисерите и продуцентите на видеото. И секако, со својата позната мајка.
Да потсетиме, откако беа објавени номинациите за Греми во ноември минатата година, многумина забележаа дека името на Блу Ајви не беше помеѓу наведените кога се слушна нејзиниот глас во песната „Brown Skin Girl“. Од сите кои требаше да се спомнат, беше наведено само името на Бијонсе.
Грешката набрзо беше поправена, па и нејзиното име се најде помеѓу номинираните на страницата на Греми, исто како и името на нигеријскиот пејач ВизКид.
фото: Instagram/beyonce