По стапките на мама: Двегодишната ќерка на Кајли Џенер на насловната на чешкото издание на „Вог“
Кајли Џенер и нејзината двегодишна ќерка Сторми се на насловната страница на новиот број на чешкото издание на магазинот „Вог“.
Фотографиите на кои младата претприемачка и нејзината ќерка позираат, се фотографирани во семејната куќа во Лос Анџелес и тоа со мобилен телефон.
„Некогаш одамна, принцезата Кајли Џенер се роди во најгледаното семејство на светот. Стана највлијателна инфлуенсерка на планетата, мајка на Сторми, поим за убавина и изгледа дека сите нејзини желби се остварени“ - напиша магазинот на Инстаграм.
„Без разлика дали сакате бајки за успешни принцези или зли кралици, продолжете да ги раскажувате. Доколку веруваме дека светот ќе стане поубаво место, сигурно ќе се случи тоа“ - додадоа.
Во продолжение погледнете ги фотографиите и видеото: