По стапките на тато: Синот на Елвир Мекиќ го наследи талентот за танцување
Пејачот Елвир Меќиќ пред неколку години се пресели во Сараево, каде што живее со својата сопруга Лејла и со синот Дарис.
Тој пред неколку месеци го покажа малиот наследник и покрај тоа што се труди приватниот живот да го сочува далеку од очите на јавноста.
Во тие ретки моменти кога споделува фотографии и видеа од своето семејство, на својот Инстаграм профил, Елвир сподели видео на кое танцува со неговиот син. По видеото може да заклучиме дека малиот Дарис го има наследено талентот за танцување од својот татко, а како изгледаше сето тоа, погледнете во продолжение.