По стапките на вујче: Внукот на Тоше Проески има миленик од кој сите се плашат
Сите добро знаеме дека најголемата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески беше љубител на животните, особено на кучињата. Тој во текот на својот живот чуваше неколку кучиња.
Неговото прво милениче бил сибирскиот самојед, кој се викал Барон, а чувал дури пет шарпланинци. Кога починал едниот, Тоше паднал во голема депресија. Златниот ретривер Бас исто така имал можност да ужива во љубовта на Тоше.
Дека неговиот внук, Кристијан Ристески чекори по стапките на вујко ми доволен доказ е тоа што тој се заминава со музика. Кристијан е убеден дека неговата идна професија ќе биде поврзана со музиката.
Но, освен музиката, внукот и вујкото може да ги поврземе и со љубовта кон животните, односно кучиња. Исто како и неговиот вујко, Кристијан очигледно е дека чува шарпланинец. На својот Инстаграм профил сподели фотографии на кои позира со својот миленик.