По трагедијата која го погоди нејзиниот брат, се огласи сестрата на Роналдо: Со еден потег покажа дека е тука за Георгина
Сестрата на Кристијано Роналдо се огласи по трагедијата која го погоди нејзиниот брат...
Семејството на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез го погоди голема трагедија. Едно од нивните близначина починало за време на породувањето, а станува збор за синот, додека Георгина девојчето го родила живо и здраво.
За сето ова сега се огласи и сестрата на Роналдо, Катија Авиеро, која во емотивна објава на Инстаграм се присети и на нивниот покоен татко, кој почина во 2005 година, откако му откажа црниот дроб.
„Ве сакам вас и моето срце е со вас. Нека Бог се погрижи за вас и да ви даде сила да го продолжите патот. Нашиот ангел веќе е во прегратките на нашиот татко, а нашата мала девојка е тука, цврста, силна и здрава и секој ден ќе ни покажува дека само љубовта е важна“ - напиша Катја во описот на фотографијата на која се Роналдо и Георгија со децата.
Кристијано и Георгина тажните вести за загубата на синот ги објави на Инстаграм.