По тужбите за плагијат, Дуа Липа ќе се проба во актерството: Во филмот „Argylle“ глуми и миленикот на понежниот пол - Хенри Кавил
Дуа Липа ќе глуми во филмот „Argylle“ на режисерот Метју Вон...
Дуа Липа доби две тужби за плагијат. Имено, постојат сомнежи дека хитот од 2020 година „Levitating“ е плагијат. Ова го тврдат два извори.
Првата тужба ја доби од бендот Artikal Sound System. Тие наведуваат дека Дуа Липа и нејзиниот тим ја искористиле нивната песна „Live Your Live“ за да ја направат песната „Levitating“.
Следната тужба за наводен плагијат, Дуа Липа ја доби од текстописците Расел Браун и Сенди Линзер. Тие тврдат дека пејачката и нејзиниот тим направиле плагијат на песната „Wiggle And Giggle All Night“, која е објавена во 1979 година.
Меѓутоа, сите овие тужби тешко поминуваат, па така најверојатно Дуа Липа ќе помине без големи последици.
По овие тужби, Дуа Липа реши да заплови во актерските води. Имено, таа ќе глуми во остварувањето „Argylle“. Во прашање е шпиунски филм на режисерот Метју Вон. Покрај Дуа Липа, главна улога ќе има и актерот Хенри Кавил. Тој го глуми шпиунот кој боледува од амнезија, а кој верува дека е автор на шпиунски романи.
Во филмот „Argylle“ играат и Брајс Далас Хауард, Кетрин О'Хара, Џон Син, Семјуел Џексон, Аријана ДеБосе, Роб Дилејни...
Се појави и тизер кој кружи на Јутјуб, а на видеото се гледа како Дуа Липа танцува со Хенри Кавил, кој е познат по улогите во остварувањата „The Witcher“, „Man Of Steel“.
Филмот „Argylle“ ќе се емитува на TV Apple.
фото: Принтскрин / Инстаграм / @dualipa