По враќањето во Белата куќа, Трамп демонстративно ја симна маската: Можеби сега сум имун на корона

По враќањето во Белата куќа, Трамп демонстративно ја симна маската: Можеби сега сум имун на корона

Објавена во: Живот // Живот

Трам им порача на Американците да не дозволат вирусот да им ги преземе животите, бидејќи ќе го победат...

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот, по враќањето во Белата куќа од болница во која мораше да престојува поради позитивните резултатите на Ковид - 19, ги повтори пораките до граѓаните. Им посочи да се плашат од коронавирусот и да не дозволат да завладее со нивните животи. 

По доаѓањето во Белата куќа се појави на нејзиниот балкон за да позира пред фоторепортерите при што повторно покажа палци нагори, а пропратно и демонстративно ја симна маската.

По напуштањето на воената болница во Вашингтон, во Белата куќа се врати со хеликоптер. Потоа, Трамп на Твитер објави видео кое е снимено во Белата куќа, во која на почетокот ги фали лекарите и медицинските сестри во здраствената установа во која престојувал.


Освен што повтори дека многу научил за коронавирусот, Трамп ги повтори и поранешните пораки за тоа дека не треба да се плашиме од коронавирусот.

„Една работа е сигурна. Не дозволувајте да завладее над вас и да ги преземе вашите жвиоти, не плашете се, ќе го победите“ - рече Трамп, кој на граѓаните им порача да излегуваат надвор, но да бидат внимателни.

Утврди дека САД е најдобра земја на светот која има најдобра медицинска опрема и лекови. 

Изјави и дека болницата можел да ја напушти уште пред два дена, бидејќи се чувствувал одлично, подобро отколку последните 20 години, а иако вели дека не знае, изрази надеж дека сега „можеби е имун“ на коронавирусот.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: