Побизарна двојка нема: 63-годишната Шерон Стоун е во врска со 38 години помлад рапер
Актерката ужива во забавувањето со младиот рапер чие вистинско име не ѝ е познато на јавноста...
Актерката Шерон Стоун (63) важи за една од најпаметните дами во Холивуд. Позната е и по тоа што го одржува телото во совршена состојба. Таа неодамна ги сподели своите правила за витка фигура и затегнато лице, но сепак молчеше за еден важен факт - љубовта.
Имено, се шпекулира дека со месеци е во врска со младиот рапер РМР, кој има 25 години, а чиј имиџ е малку бизарен. Тој се појавува во јавност со маска за скијање на лицето и заби „премачкани“ со златни навлаки.
Гласините дека се во врска ги разгоре и последната фотографија на која раперот ја гушка Шерон. Двојката танцуваше на хип хоп на концерт на раперот Дрејк, пиеше коктели, а РМР изјави дека смета дека Шерон е „неверојатно кул“.
„Засега им одговара да се дружат на овој начин. Тие излегуваат заедно и одлично се забавуваат“ - вели извор близок до парот.