Почина 19 - годишен јутјубер: Остави две деца зад себе

Почина 19 - годишен јутјубер: Остави две деца зад себе

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Ландон Клифорд, кој е добро познат по јутјуб каналот „Cam&Fam“, изненадно почина, соопшти неговата сопруга Камрин. Таа ја објасни и целата драма која се случувала претходните денови, велејќи дека нејзиниот покоен сопруг последните шест дена бил во кома.


„13 август беше последниот ден кога Ландон беше најдобриот татко и сопруг. Откако помина шест дена во кома, тој почина, а своите органи ги донираше на луѓето ширум земјата“ - напиша Камрин. „Почина за да ги спаси животите на другите. Тој беше таква личност. Полн со сочувство, љубов, промисленост, љубезен и нежен. Беше неверојатен сопруг и најдобар татко, кој девојчињата можеа да го посакаат.“ Ландон и Камрин иако се многу млади имаат две деца - Колет и Делајла.


„Многу сум тажна поради тоа што тие никогаш нема да го запознаат“ - додава Камрин. „Беше толку млад и толку живот имаше во себе. Не требаше да биде вака. Требаше да биде жив за својот следен роденден. Требаше да почине стар со мене. Не можам да ја опишам болката која ја чувствувам. Единствено што сега можам е да ги научам нашите деовјки колку тој нè сакаше. Не гледа од небото, а неговото светло свети низ облаците кога го гледаме. Нека почива мирно.“

Како што пренесува „People“, причината за неговата смрт не е официјално објавена, но се претпоставува дека во прашање е некој вид на повреда на мозокот. Овде дефинитивно не станува збор за самоубиство, што за жал е честа појава помеѓу ѕвездите на социјалните мрежи.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: