Почнала да работи на 16: Дваесетиедногодишна девојка открива како успеала да заштеди за првата куќа

Почнала да работи на 16: Дваесетиедногодишна девојка открива како успеала да заштеди за првата куќа

Објавена во: Совети // Семејство

За само 5 години успеала да заштеди за двособна куќа во градот Тајн и Вир (Tyne and Wear), а која ја платила 86.000 фунти...

Една девојка открива како успеала да купи сопствен дом на само 21 година и тоа со заштедата.

Бека Томсон од Англија почнала да работи уште додека учела на 16 години, а саатницата на почетокот ѝ била 3 фунти за еден час.

За само 5 години успеала да заштеди за двособна куќа во градот Тајн и Вир (Tyne and Wear), а која ја платила 86.000 фунти.

На ТикТок сега открива како ѝ успело тоа.

@beccathompsonn

#homeowner #firsthome

original sound - Chips

„Секој пат кога би потрошила пари, исто толку оставав во заштедата. Не можев да си дозволат да купам нешто два пати. Кога сериозно сфатив дека сакам да си купам куќа, почнав да одвојувам по 800 фунти секој месец“ - призна Бека.

Нејзиното видео веднаш стана хит на ТикТок, а многумина ја прашаа како можела да заштеди толку многу.

„Немав што да плаќам. Моите родители не зимаа ништо од мене кога заработував, а очигледно е дека и платата подоцна ми растеше“ - призна таа.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: