Под мотото „За Скопје со љубов“ се одржа традиционалната крводарителска акција под покровителство на Црвениот Крст и Инситутот за трансфузиона медицина

Под мотото „За Скопје со љубов“ се одржа традиционалната крводарителска акција под покровителство на Црвениот Крст и Инситутот за трансфузиона медицина

Објавена во: Совети // Семејство

„Скопје веќе не постои!”- со оваа бодникава реченица, радио Приштина прво јавува во 7 часот на кобниот 26 јули  далечната 1963 година за распукнувањето на еден уникатен град. Со силен татнеж, веста се распрснува низ радио станиците на некогашната единствена Југославија. Плач, лелеци, солзи, пустош и смрт го имале дочекано 26-тото јулско изгрејсонце во нашето родно Скопје. Седумнаесеттата минута изделкана од 5тиот час, на утрото полно прав, чад и рушевини ги засенува сите претходни среќни, хармонични спомени за старото Скопје. Ги фрла во некој блед ковчег на слатки сеќавања, тивките квечерини во скопските паркови или недогледните прошетки пропратени со милозливата Вардарова мелодија.

Денес 58 години подоцна ја распостиламе прекривката на споменот. 58 години подоцна Скопје живее во еден нов, авангарден дух. Црвен Крст на Република Северна Македонија, составен од илјадници истрајни млади волонтери и стручни лица ги испружува своите раце и е дел од процесот на солидарност и хуманост секојдневно. Младите се симбол за иднина, вредни и истрајни, овие волонтери на терен секојдневно опслужуваат корисници преку обезбедување на основни сретства за живот изразени во хуманитарни пакети со облека, храна и хигиена. Волонтерите ги посетуваат лицата во трето доба, болните и изнемоштени граѓани и им пружаат помош и поддршка кога им е потребно. Од тој ден - Ден на солидарноста, под мотото: „За Скопје со љубов” како знак на пожртвуваност се одржува и масовна крводарителска акција под покровителство на Црвениот Крст и Инситутот за трансфузиона медицина. Оваа акција е само уште еден бисер на ѓерданот нанижени успеси на оваа општинска организација, каде црвено-белиот тим го истакнува својот максимум и хуманост кон својот град и скопјани. Скопје е наш град и ние се сеќаваме заедно со него, е реченица која проткајуваше низ мислите на младите волонтери.

„Ова ни дава индиции да заклучиме дека Скопскиот земјотрес ’63 не е синоним само за болка и трагедија, тоа е синоним за подавање рака, спој и соживот. Загубите и ден денес потикнуваат ровки солзи, но истите тие тешки, судбински моменти Скопје го одбележале со нов, непроценливо вреден грандиозен споменик од најцврст материјал, а тоа е солидарноста. И го украсиле со најблагороден скапоцен камен - хуманоста. Секогаш ќе боли темата Скопје ’63, но благодарение на истото тоа денес ние сме спој на различностите, а доказ за единството.“ - вели Јована Петровска, волонтер при Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Кисела Вода.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: