Подгответе ги марамчињата: Божиќна реклама која ќе ви измами солзи

Подгответе ги марамчињата: Божиќна реклама која ќе ви измами солзи

Објавена во: Stars // Филм

Понекогаш бројни спомени се создадени околу еден посебен предмет, украс или пак играчка, но она што му дава тежина се чувствата и губитокот кои ги поврзуваме со него. Ова видео ќе ве разнежни...

Иако до Божиќ има уште многу денови, подготовките веќе се започнати. Па, така Дизни објави божиќно видео кое го слави 40 - годишното партнерство со детската добротворна организација „Make A Wish“ низ трогателна семејна приказна.

Видеото покажува девојче во 1940 година како добива подарок Мики Маус од својот татко, а токму тој станува дел од нивните животи и љубов низ следните години. Девојчето станува мајка и баба која се грижи за својата внука и на неа ѝ го дава Мики. Но, приказната станува малку комплицирана кога вкуката ќе порасне.


Дизни низ оваа реклама, посочува кон фактот дека со секое купување на Мики, дел од приходите одат во добротворната организација „Make A Wish“, како и од преземањата на песната „Love is A Compass“. Секоја година, Мики го симболизира детството на Лола и денешната врска со внуката, што на крајот инспирира празнично изненадување на божиќното утро.

За да ја прослави темата на празничните семејни традиции, Дизни ги охрабрува обожавателите на Фејсбук, Твитер и Инстаграм да ги споделат своети празнични спомени од минатото и сегашноста, користејќи #LoveFromDisney.

За секој споделен спомен, Дизни ќе донира по еден долар за организацијата „Make A Wish“.

„Божиќ е време на дарување, потсетување на старите спомени и создавање нови и задоволство ни е да ја претставиме оваа празнична кампања која го поддржува нашиот долгорочен добротворен партнер „Make A Wish“. Целта ни беше да раскажеме универзална приказна која е испирирана преку темите за семејството, љубовта и посебните празнични традиции. Се надеваме дека љубителите на Дизни ќе уживаат во краткиот филм“ - рече Тасија Филипатос од Дизни.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: