Подгответе ги марамчињата: Мина Блажев со емотивна изведна на најпознатата балада од Драгоевиќ
Мина Блажев ја запознавме од музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“. По успешното претставување во ова натпреварување, таа ја претставуваше Македонија на Јуниорската Евровизија во 2017 година, со песната „Dancing through life“, а исто така издаде и неколку песни.
Во меѓувреме, таа постојано се надоградува и усовршува кога се нејзините вокални способности во прашање, па така често знае да ги почести своите обожаватели со некој кавер.
Последен во низата е оној за песната „Ноктурно“, една од најубавите балади на покојниот Оливер Драгоевиќ. Нејзината изведба навистина буди некоја посебна емоција и сигурно нема да ве остави рамнодушни.
Во продолжение погледнете како звучи оваа изведба на Мина: