Поголемиот син на Симона Поповска прослави роденден: Никола доби прослава во знакот на Мики Маус (ФОТО)
Познатиот дерматолог Симона Поповска, која на јавноста и е позната и како пејачка го прослави вториот роденден на својот прв син.
За прославата на нејзиниот првороден син Никола, познатата докторка се потрудила да му направи роденден од соништата украсувајќи го локалот во царството на Мики Маус.
Многу балони во црна, црвена и жолта боја, принтови со ликовите на Мики Маус, Пајо Паторот, Шиљо, Мина... торта и мафини кои исто така беа во боите на целата тема.
Мама Симона за роденденот на Никола на Инстаграм стори напиша неколку емотивни пораки:„Среќен 2 роденден мој мал принцу! Не ми се верува дека времето толку бргу помина. Ми изгледа како вчера кога те држев во моите раце за прв пат. Денес, ти си љубопитно детенце кое сака да го истражува светот околу себе. Секој ден е нова авантура и е привилегија што ја имам можноста да те гледам како растеш и учиш“.
„Го славиме твојот посебен ден. Да ги славиме сите прекрасни моменти кои ги делиме како семејство. Од гушкање пред раскажување на приказни пред спиење, до играње на игри заедно.. овие моменти ќе останат со нас засекогаш. Ти си единстен и посебен и те сакаме повеќе од зборовите што можат да опишат“
„Среќен роденден, мое мало момче. Нека денов ти биде исполнет со љубов, насмевки и многу торта“
Инаку д-р Симона има уште еден син, Стефан кој се роди пред осум месеци.
Фото: Принтскрин / Инстаграм