Појадок, па миење заби или обратно: Постои само еден правилен начин
Утринската рутина е важна, бидејќи таа може да одреди каков ќе ти биде остатокот од денот...
Сите имаме утрински рутини на кои сме навикнати и редослед по кој наутро ги завршуваме работите и секојдневните активности. Иако тоа е твоја рутина и тебе најдобро ти одговара, некогаш не е лошо да се воведе и некоја промена, ако таа ти донесе нешто добро. Се претпоставува дека во таа рутина сите би требало да имаат две главни работи, а тоа е да се појадува и да се измијат забите. Нема да зборуваме за тоа колку овие две работи се важни наутро, се надеваме дека не ги прескокнуваш, секако за свое добро. Големото прашање го постави еден стоматолог, а тоа гласи дали ги миеш забите пред или по појадокот. Не е неважно. Постои правилен редослед кој ќе ги одржи твоите заби поздрави.
Забите треба да се мијат пред појадокот, зборува стомалогот. Обратната рутина може да доведе до тоа да си ги уништиш забите и нивното здравје. Објаснува дека кога појадуваме во нашата уста се создаваа киселини и затоа кога ги миеме забите по појадокот, дополнително ја втријуваме киселната во забите со четката и ја уништуваме забната глеѓ. Кога ќе ги измиеме забите пред појадокот, така им даваме дополнителна заштита од храната која допрва ќе ја јадеме.
фото: Ollyy i MikaHolanda / Shutterstock