Поклон до земја: Првачето Дарин од Скопје по втор пат ја донира косата за дечињата кои се борат со рак
Пред точно две години пишувавме за малиот херој Дарин кој реши да помогне на многу дечиња кои ја водат битката со најтешката болест и да ја донира косата за изработка на перики за децата болни од рак, која тогаш ја скрати за првпат на 4-годишна возраст.
Сега пристигна уште една позитивна вест од неговиот татко кој на Инстаграм откри дека Дарин повторно ја чувал косата за сега, после две години, како прваче, по втор пат да ја донира косата.
-Долги руси коси, друг да ги носи!
Дарин втор пат ја донира косата за да им помогне на дечињата кои се борат со ракот.
Првиот пат кога имаше 4 и сега како прваче на 6 години.
Горди сме на нашиов шизик - напиша гордиот татко Александар.