Покрај нив се чувствувам помладо: Анџелина Џоли ужива во мајчинството и „борбата“ со тинејџерите
Холивудската актерка Анџелина Џоли вели дека конечно ужива во мајчинството, бидејќи да биде мајка на тинејџери е многу поинтересно отколку кога децата и биле мали.
Нејзините четири деца сега се тинејџери. Со Шајло, Захара, Пакс и Медокс сега може да се поврзе на сосема нов начин, поинаков отколку кога биле мали. „Кога децата се мали, повеќе се чувствуваш како мајка. Кога ќе станат тинејџери почнуваш да се сеќаваш на ссебе како тинејџерка. Моментално се наоѓам во тој забавен период кога покрај нив се откривам себе“ - изјави Џоли во интервју за „Hello“.
Иако сега имаат пријателски однос, таа и понатаму ги учи да се љубезни кон другите.
„Ние сме само ситни делови од овој свет. Важно е да се биде скромен, да знаеш кои права ги имаш и да препознаеш за што имаш талент и секогаш да им помагаш на другите“ - истакна таа.
Додаде дека сака нејзините деца да бидат силни поединци со отворен ум и дека настојува да им биде пример. Сака нејзините деца да израснат во љубезни, мили и толерантни луѓе.