ПОЛОШО ОТКОЛКУ ДА НЕ НОСИТЕ НИШТО: Никако не го носете ова наместо заштитна маска

ПОЛОШО ОТКОЛКУ ДА НЕ НОСИТЕ НИШТО: Никако не го носете ова наместо заштитна маска

Објавена во: Живот // Живот

Многумина во ова модно парче пронајдоа алтернатива за заштитните маски, но со тоа само себе се доведуваат во опасност...

Иако многумина велат дека е најдобро да се носи било што, отколку ништо, тоа не е баш сосема точно, покажа едно истражување.

Носењето на маски е задолжително и во затворен простор и на отворено, кога не е можно да се одржи физичка дистанца од другите. Додека некои носат медицински маски, други носат платнени, а има и такви кои наместо маски носат т.н. марами.

Иако можеби стилски тоа изгледа интересно, експертите велат дека не би требало да носите марама наместо маска, бидејќи таа не ве штити!

„Она што навистина не го очекувавме е дека марамата воопшто не штити“ - вели доктор Ерик Вестман од универзитетот Дјук, еден од авторите на студијата со која авторите сакале да утврдат кои маски се најефикасни во заштитата од коронавирусот.

Тој истакнува дека со студијата е утврдено дека марамата од двослоен материјал блокира само 50% од капките, додека еднослојната „само ги влошува работите“.

Работата е во тоа што, како што објаснува Вестман, марамата ги намалува респираторните капки, зголемувајќи го ризикот од пренесување на инфекцијата.

Кога станува збор за најефикасни заштитни маски, најдобро е маската N95, која се препорачува само за медицинските работници. Следна на листата е трослојната хируршка маска, а по неа е двослојната памучна маска.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: