Половина тело му е прекриено со тетоважи: Многу тинејџерки велат дека Бибер е многу поубав без нив
Канадскиот пејач беше фотографиран на одморот на Хаваи, веднаш по нуркањето...
Канадскиот пејач Џастин Бибер беше фотографиран без кошула на плажа на Хаваи, а по тој повод откри дека буквално целото торзо му било покриено со тетоважи.
Имено, познатиот музичар е фотографиран сам на плажа, веднаш по нуркањето, а сите се прашуваат каде е неговата сакана сопруга Хајли Бибер.
По тој повод, тој носеше само шарени шорцеви, додека во рацете држење очила за нуркање, а сите присутни гледаа само во неговите тетоважи.
Судејќи според неодамнешните фотографии на Инстаграм, Џастин, заедно со својата убава сорпуга, патувал со приватен авион до Хаваите, каде уживаа во шармот на водата, песокот и сонцето и не се одделуваат еден од друг.
Познатиот пејач неодамна истетовира роза на вратот и со тоа им се пофали на своите следбеници на социјалните мрежи, по што доби и комплименти за неговата одлука, а сите се сомневаат дека розата е посветена на Хајли.
Но, Џастин неодамна одлучи да ги покрие сите свои тетоважи за потребите на едно снимање, па двајцата шминкери мораа да му ставаат пудра на стомакот, градите и рацете за да покријат сè.
Подоцна објави неколку фотографии од боксерскиот ринг на кои нема тетоважи, а по тој повод носеше бели шорцеви на кои пишуваше „Бибер“, па фановите со нетрпение чекаат да видат што точно е и дали станува збор за ново музичко видео или можеби филм.
фото: Profimedia/MEGA/The Mega Agency