Полуматурантката која веќе положи приемен за средно: Учеше во две основни школи, освои девет први места на меѓународни натпревари
Душа Јовановиќ, ученичката од ОУ „Дринка Павловиќ“ и Музичкото училиште „Војислав Вучковиќ“ е горд добитник на пет лауреати и девет први места на престижните меѓународни натпреварувања.
Воедно, Душа е најмладиот полуматурант кој го има положено приемниот испит за средно училиште.
Под раководство на маестро Марк Серин, настапила и како солистка во оркестарот во Рим, а музички се усовршува на мастеркласови во Германија, Бугарија и Швајцарија.
Талентот во балет го покажала на големата сцена на Народниот театар во Белград.
Добитник е на наградата за најдобар изведувач на фестивалот „Радост музицирања“, а на интернационалниот фестивал „Diapasan d'oro“ ја освои титулата апсолитен победник.