Помалата ќерка на Карлеуша се изјасни: Ника тргна по стапките на тато
Откако постарата ќерка на српската пејачка Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, Анита се проба во неколку „професии“ од кои е јасно дека сака да се занимава со јавна работа, сега и помалата нивна ќерка - Ника се изјасни.
Имено, откако двете сестри позираа за еден српски бренд и се пробаа во моделингот, секоја тргна по свој пат, а малата Ника се одлучи да тргне по патот на нејзиниот татко. Таа започна да тренира фудбал во „Црвена ѕвезда“, фудбалскиот клуб за кој нејзиниот татко играше две години (2010-2012).
Оваа вест со јавноста ја сподели нејзината мајка на Инстаграм, која во многу интервјуа досега има кажано дека никогаш нема да се меша во изборот на нејзините деца и дека секогаш ќе им биде најголема поддршка.