Помеѓу Хејли и Џастин не цветаат ружи: Неволји во рајот на Биберови? (ВИДЕО)
Наводно, младиот брачен пар веќе подолго време поминува низ криза во бракот...
Хејли Бибер во последно време ги полни насловните страници поради провокациите упатени до Селена Гомез.
Изгуби многу обожаватели на социјалните мрежи, нејзината козметичка линија забележува пад на продажбата, а изгледа дека мометално стана и најомразената личност на Интернет, заедно со својата пријателка Кајли Џенер.
Ок, на Хејли не ѝ цветаат ружи на деловен план, но не ѝ оди најдобро ниту на приватен. Американските таблоиди почнаа да пишуваат за кризата која ја има во бракот со пејачот Џастин Бибер.
Како што пишува Radar Online, обожавателите почнале да претпоставуваат дека нешто се случува во нивниот брак откако забележале дека Џастин на прославата по повод роденденот не ја носел бурмата.
„Се венчаа многу млади и не знаеја во што се впуштаат, а од тогаш имаше многу подеми и падови“ - кажа доверлив извор за американскиот таблоид.
Наводно, Хејли и Џастин се карале многу, поради што Џастин често пати сакал да се откаже.
„Хејли отсекогаш била несугурна во поглед на Џастин и Селена. Луѓето ги гледаа како совршена двојка, што е далеку од вистината, но Селена е многу симпатична“ - откри тајниот извор за американскиот таблоид.
Социјалните мрежи, а посебно ТикТок, се преполни со објави во кои може да се види како Џастин понекогаш не се однесува кон Хејли со почит.
фото: Принтскрин / Инстаграм@pop.culture.connoisseur How Justin Bieber treats Hailey vs how he treated Selena #teamselena #selenagomez #jelena #justinbieber #haileybieber Happier Than Ever - Edit - Billie Eilish