Поминаа 32 години од филмот „Сам дома“: Еве како денес изгледаат крадците Марв и Хари (ФОТО)
Култниот филм ни го одбележа детството, а секогаш со задоволство одново го гледаме за време на новогодишните и божиќните празници...
Поминаа 32 години од снимањето на познатиот филм „Сам дома“. Филмот за сите времиња, кој ја воодушеви и младата и старата публика, на многумина им го обележа детството, а се гледа и ден денес.
Освен божиќните украси, снегот, мирисот на греано вино, колачите и божиќните песни, асоцијација на деновите кои се пред нас е и филмот „Сам дома“. Овој филм традиционално се прикажува на телевизија со години, а иако сме го изгледале безброј пати, во текот на новогодишните празници со задоволство го гледаме повторно.
Џо Пеши и Даниел Стерн станаа популарни глумејќи ги не толку паметните кадци во овој филм. Иако Хари и Марв ги паметиме како млади ликови, денес и двајцата се во години, изгледаат многу поинаку отколку во „Сам дома“.
Џо Пеши кој го глумеше Хари, денес има 79 години. По богатата актерска кариера се повлече во пензија во 1999 година и до тогаш во филмовите се појавува привремено.
Денес изгледа сосема поинаку, но ја има задржано препознатливата насмевка и израз на лицето по кој го паметиме.
Даниел има 65 години. Иако глумеше во бројни комедии, најпознат е по улогата на Марв во овој филм. Освен со глума, се занимава и со пишување сценарија и режирање, а една од последните улоги му беше во серијата „Shrill“.
Што се однесува до неговиот приватен живот, од 1980 година е во брак со Лаура Матос, со која има три деца, син и две ќерки. Инаку, неговиот син Хенри е сенатор во Калифорнија, додека Даниел во 2009 година ја доби наградата „Call To Service“, од поранешниот претседател Барак Обама, која се доделува за волонтерска работа.
Во едно интервју за „The Hollywood Report“ се присети и на филмот кој го прослави.
„Беше како да си играме некој спорт, па повредите кои ги добивавме во текот на снимањето не ги чувствувавме. Добив еден силен удар во носот, кој потоа прокрвари, кога морав да ја бутнам главата низ вратичката за кучиња на влезната врата. Морав брзо да ја извлечам главата, но заглавив поради големиот нос“ - се присетува Даниел низ насмевка.
Тој, исто така, истакна дека е во контакт со актерот Меколи Малкин, кој го глумеше малиот Кевин, но и дека останал пријател со Џо Пеши, за кој смета дека е прекрасен актер.
фото: Принтскрин / Јутјуб