Помислил дека сопственичката ќе го погали: Изразот на лицето што го направил откако сфатил дека е измамен е непроценлив
Воопшто не му било јасно што се случило...
Една од предностите кога имате домашен миленик е тоа што, сосема сигурно, секој час ќе има кој да ви измами насмевка на лцието.
Смешните ситуации само се нижат, а некогаш и самите сопственици допринесуваат за тоа.
Една корисничка на социјалната мрежа ТикТок објави кратко видео во кое покажа на кој начин се пошегувала со своето куче.
Имено, таа ја чистела куќата, додека нејзиното преслатко куче лежело на подот. Она што можеме да го видиме во видеото е како кучето лежи и како нејзината рака почнува да се движи во негов правец.
И сега, веројатно помисливте дека таа сакала да го погали. Тоа го помислил и нејзиниот верен пријател, но таа само сакала да ја сними неговата реакција кога ќе сфати дкеа всушност тргнала да го дофати предметот кој се наоѓал зад него.
И да, моментот во кој кучето сфаќа дека е измамено е непроценливо. Особено, бидејќи потполно несвесно има направено пресмешен израс на лицето.
@thatdogstella I’m sick of your games, Mom! #dumb #funny #TheHarderTheyFall #dog #pet #shihtzu
Take a Bow - Audiogroove