Помош, мислам дека љубимецот ми се „заглави“: 9 миленичиња уловени во смешни пози

Помош, мислам дека љубимецот ми се „заглави“: 9 миленичиња уловени во смешни пози

Објавена во: Совети // Семејство

Кој ќе ти донесе повеќе среќа и позитива во животот од домашното милениче?

Ова не се нормални пози за мачки или кучиња, но и понатаму се преслатки. Ова е уште една причина зошто ги сакаме домашните миленичиња - повремено се толку „луди“ што нѐ смеат до солзи со своите лудории.

Затоа, во продолжение погледнете неколку пресмешни пози на домашните миленици:

# Тежок ден?

Ги знаеш оние денови кога ќе се вратиш од училиште и се чувствуваш вака? Кој знае од што се изморила оваа мачка за да изгледа како да се откажува од животот.

# Можеби е нов лек за тоа како да се престане со икање?

Милениците знааат да бидат како луѓето кога јадат или пијат. Тогаш знаат да се наместат во некои чудни пози што кога ги гледаме се прашуваме - па како може да му биде удобно? Ова куче дефинитивно го има пронајдено најкомплицираниот начин за да пие вода.

# Ако станам, ќе седнам

Иако мачките се водат по логиката дека ќе легнат или седнат било каде, изгледа дека и кучињата не се имуни на ова. Го пронајде вистинското место од кое има одличен поглед. Вистинско куче чувар.

# Не изгледа баш удобно

Но, ова е само еден доказ дека мачките се пикаат било каде, дури иако некои предмети им пречат. Доколку веќе не може да легнат на подот, ова е уште едно решение.

# Сѐ за чешкање

Некои мачки ќе те изгребат или удрат за да успеат да ти го привлечат вниманието, а некои во тоа ќе уживаат и ќе се обидат да се наместат подобро за чешкање. Како на пример ова лудо маче.

# Заглави

Најдобар пример за домашен миленик кој изгледа како да му се потрошиле батериите е оваа куче. Како само да се изгасил и застанал - и така останал. Или ова е само некоја кучешка јога за која ние луѓето не знаеме.

# Кај нема нема ништо, само висам низ дома, а кај тебе?

Ова воопшто не изгледа удобно, но на мачето изгледа дека ова му е стандардна поза.

# Кога не смееш на фотељата, но сепак си имаш најдено начин

Како да го измамиш сопственикот кога не ти дава да спиеш во неговата фотеља, а изгледа удобна? Вака.

# Лут е, бидејќи тој ден не бил на 12 прошетки

Изгледа како некој да го повредил, а изгледа и навистина е така! Сопственикот на фотографијата на Редит објасни дека ова е кучето на неговата сестра и дека се лути, бидејќи таа не сакала да го прошета по 12 - ти пат. 

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: