Популарната српска јутјуберка си го одзеде животот: Не можела да го издржи притисокот на јавноста
Младата српска јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ си го одзеде животот, бидејќи не можела да го поднесе притисокот од јавноста...
Јутјуберката Кристина (21) си го одзеде животот, по долгата броба со притисокот кој не можела да го издржи.
Инаку, Кика е родена на 25 јули 2000 година во Белград, а станала популарна преку онлајн драма. Оваа млада девојка не можела да се бори со притисокот на јавноста, па, како што дознава порталот „Република“, си го одземала животот. Уште не е познат начинот на кој таа го направила овој смртоносен чин.
Последното видео на Јутјуб платформата го има објавено пред четири дена, а од него никој не можел да насети дека ќе дојде до трагедија.
Семејството на Кристина засега не се огласува по овој повод, а нејзината другарка Лаура на својот Инстаграм профил ја потврди оваа вест. Таа објави фотографија од јутјуберката и кратко напиша: „Ќе те сакам засекогаш“, а потоа додаде:
„Почивај во мир ангелу мој. Известување: На наша и ваша голема жалост, морам да ве известам дека Кика повеќе не е со нас. Сакам да изјавам сочувство до нејзиното семејство и сите луѓе кои ја сакаа и познаваа. Те сакам Кика, почивај во мир“.
Кика беше многу популарна на Јутјуб каде има над 700.000 следбеници, а нејзините видеа имаа милионски прегледи.