Поради дебелината не можело да стане, а ни да оди: 12-годишно момче денес е сосема друга личност
Момчето (12) од Индонезија во еден момент тежело речиси 200 килограми, а поради дебелината не можело да стане, ниту да оди.
Арија Перман беше наречен најдебелото момче на светот. 12-годишно момче од Индонезија во еден момент било толку тешко што едвај можело да стане и да оди.
Откако се приближил до границата од 200 килограми, се решиле на операција за стаеснување на желудникот, што му помогнало да ослабне.
Лекарите и нутриционистите му препишале строга диета во која слатки и сокови биле забранети. Сега јаде многу повеќе овошје и вежба секој ден. Од 2017 година, кога замина на операција, до денес момчето ослабе над 80 килограми.
Таа драстична промена веднаш се гледа кај него. Арија сега може да оди, да излегува и да си игра со пријателите, што претходно беше невозможно.
Фото и Видео: Youtube