Поради детаљ на нејзината фотографија социјалните мрежи „горат“: Дали Селена Гомез е во врска со 11 години постариот актер?

Поради детаљ на нејзината фотографија социјалните мрежи „горат“: Дали Селена Гомез е во врска со 11 години постариот актер?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Веќе некое време се шпекулира дека американската пејачка и актерка има ново момче, а на социјалните мрежи кружат фотографии поради кои многу луѓе се сигурни дека Селена сугерирала кој е тој.

Некогашната ѕвезда на Дизни, Селена Гомез веќе некое време во медиумите се доведува во врска со актерот Крис Еванс,а поради нејзиното појавување на ТикТок минатиот викенд сите се сигурни дека не е само озборување во прашање.

Најдобрата пријателка на Селена и поп ѕвезда Тејлор Свифт се појави во емисијата „Saturday Night Live“, а Гомез одлучи јавно да ѝ даде поддршка, и тоа облечена во крем предимензионален џемпер. На внимателните очи на обожавателите не им побегна тоа дека Крис Еванс носеше идентично модно парче во филмот „Knives Out“.


„Ова не е случајност“, „Селена го носи џемперот на Крис“, „Изгледа дека нема повеќе да се кријат“ - се само некои од коментарите на социјалните мрежи.


Гласините дека Селена и Крис неодамна се појавиле заедно, откако актерот почнал да ја следи младата колешка на Инстаграм. Тој потоа објави видео на кое свири клавир, додека во позадина се гледа одраз на жена со темна боб фризура, каква што има Селена. Меѓутоа, ниту еден од нив двајца не се огласи по овој повод.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: