Поради големиот интерес, не се исклучува можноста за приемни испити: Маја Салиу, директорката на „Медицина“ по отворениот ден

Поради големиот интерес, не се исклучува можноста за приемни испити: Маја Салиу, директорката на „Медицина“ по отворениот ден

Објавена во: Совети // School zone

„Учи паметно, работи стручно“ е мотото на кампањата за промоција на средното стручно образование. Под ова мото и како дел од кампањата, вчера се одржа отворен ден и во Средното медицинско училиште на Град Скопје „Д-р. Панче Караѓозов“. 

„Целта на овие активности беше учениците и наставниците да ги промовираат наставните планови и програми кои се нудат за следната учебна година како и да се информираат идните средношколци за условите за упис и можностите кои им се нудат со средното стручно образование.“ - ни посочи Маја Салиу, директорката на училиштето.

На отворениот ден, посетителите имаа можност да ги погледнат сработените производи и модели, кои ги демонстрираат учениците на ова училиште, но и да ги погледнат медицинските манипулации кои исто така ги изведуваа средношколците. Најголемо внимание привлекоа лабораториските вежби, кои ги воодушевија деветтоодделенците.

„Во учебната 2021/2022 година во нашето училиште ќе се запишат вкупно 646 ученици во здравствена струка на македонски и албански наставен јазик во вкупно 19 паралелки и тоа во смеровите: медицинска сестра, забен техничар, фармацевтски техничар, медицински  лабораториско - санитарен техничар, физиотерапевтски техничар а новина од оваа година, после долги години пауза, е и смерот - гинеколошко-акушерска сестра.“ - ни откри директорката на училиштето, а потоа додаде:

„Уписните рокови се од 14 - 17 јуни 2021 во термини согласно однапред даден распоред по азбучен ред на презимето на учениците. Се очекува како и секогаш интересот да биде голем, а според посетеноста на отворениот ден, не се исклучува можноста за приемни испити по предметите биологија и хемија за изучениот материјал во VIII и IX одделение.“

Кога е се во прашање новитетите, од оваа година во средното медицинско училиште ќе се воведе нова дуална параленка, за која повеќе детали ни откри директорката.

„Дополнително, особено сме горди што за учениците од трета година се воведува нова дуална паралелка заедно со Алкалоид АД каде учениците ќе се образуваат по нови наставни програми адаптирани за стекнување знаења и вештини во фармацевтската индустрија што секако ќе им нуди можност за пракса во индустриските и лабораториски капацитети на  компанијата како можност за директно вработување веднаш по завршувањето на средното училиште.“


Со текот на годините интересот кон средното сручно образование расте, а среќата за ова не ја криеше ниту директорката на средното медицинско училиште.

„Среќни сме што стручното образование сè повеќе станува препознаено од страна на учениците и нивните родители, бидејќи им нуди модули кои се одработуваат во реален сектор и со тоа ги прави поконкурентни и на пазарот на труд и во високообразовните институции, истовремено нудејќи им широка палета на кариерни можности.“

Р.Х.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: