Поради грешка во големината: Учениците во Грција добија огромни заштитни маски
Огромни маски кои го покриваат целото лице им беа дадени на учениците во Грција, како дел од владината програма за бесплатни маски. Вреди 6 милиони евра и предвидува училиштата во земјата да им обезбедат на своите ученици бесплатни заштитни маски.
Социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од деца со целосно прекриени лица.
Don't know if I should laugh or cry with this story from my birthland: First day of school in #Greece & the government provided these #masks to the children. Alas they are completely wrong size, HUGE.
— Gerry Stergiopoulos (@GerryGreek) September 14, 2020
Parents don't pick up the wrong kid! #μασκες #σχολεια #αγιασμος pic.twitter.com/rDf9Q0k7eW
Генералниот секратаријат за јавно здравје објасни дека е направена грешка во производството на маските, бидејќи димензиите на готовиот производ се измешале со големината на ткаенината пред шиењето.
Претходно овој месец, грчкиот министер за внатрешни работи Такис Теодорикакос, објави дека 6 милиони евра се наменети за бесплатни маски.