Поради критиките на Цеца, Анастасија сакала да си ја „искубе косата од глава“: Го издржав тоа малтретирање до крај
Некогаш тешко ги поднесувала критиките на мајка ѝ за пеењето и музиката...
Дека мајката е најголем советник, но и најлош критичар е случај и во семејството Ражнатовиќ, односно кај Цеца и Анастасија.
Бидејќи Цеца е во музички води долги години и е една од најуспешните на Балканот, Анастасија дефинитивно учи од најдобрите, но понекогаш од критиките и советите ѝ е „преку глава“. Токму за ова зборуваше во емисијата „Поподне са Стеваном“, па кажа дека поради критиките на мајка ѝ сакала да си ја „искубе косата од глава“.
„Многу добро знам ккао е кога ќе влезеш во студио и кога некој константно те враќа и ти вика: Вика не е добро, повторно. И знам колку тоа те нервира, немој да се истресеш на мене, јас го правам тоа за твое добро“ - ѝ зборувала Цеца на Анастасија.
„И потоа кога влеговме и кога ме врати едно 150 пати, мислам дека сакав да си ја искубам косата од глава. Но, се сетив на тоа дека не би требало да се нервира и само попуштив и го издржав до крај тоа малтретирање“ - додаде Анастасија низ насмевка.
Да потсетиме, Анастасија пред неколку дена објави две нови песни кои полека стануваат хитови, а кои на нејзината мајка многу ѝ се допаѓаат.
„Мислам дека има потполно свој печат, свој идентитет, им дава на песните. Ми се допаѓаат и двете, но „Извини“ повеќе ми се допаѓа“ - кажа неодамна Цеца за новите песни на ќерка ѝ.