Поради нејзината болест плачеше цела Југославија: Глумеше внука на Бата Живојиновиќ, денес живее во странство и е позната по друга професија

Поради нејзината болест плачеше цела Југославија: Глумеше внука на Бата Живојиновиќ, денес живее во странство и е позната по друга професија

Објавена во: Stars // Филм

Ивана Шурдиќ како девојчето Весна заблеска во филмот „Птице никад не полете“, а денес живее во странство и не се занимава со глума...

Српскиот филм „Птице никад не полете“ е објавен пред точно 25 години. Во центарот на сценариото е девојчето Весна кое боледува од леукемија и која оди кај својот осамен дедо, кој живее на планина за да ја излекува природата, а судбината на оваа филмска хероина ги растажи и оние кои се помалку емотивни.

Девојчето Весна, поради чија судбина многумина плачеа во споменатиот филм го толкуваше Весна Ширдиќ, која денес има 37 години, не живее во Србија и се занимава со професија која нема врска со глумата. Имено, убавата Ивана е дизајнерка и живее во Фиренца. Вели дека нејзите креации се популарни.


Кога подобро ги погледнеме нејзините фотографии, може да видиме дека не се променила драстично, освен што е постара и има поинаква боја на косата и фризура.


Зад сценариото и режијата на филмот „Птице никад не полете“ се потпишува Петар Лаловиќ, а снимен е во 1997 година.

Покрај Ивана Ширдиќ, во ова дело на југословенската кинематоградија улоги имаа и некои од најголемите имиња во светот на глумата како Бата Живојиновиќ, Неда Арнериќ, Миодраг Кривокапиќ, Петар Краљ, Светлана Цеца Бојковиќ и други.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: