Поради несмасна изјава 8 - годишно девојче е избркано од училиште: Директорот утврдил дека станува збор за сексуален неморал?!
Девојчето оттогаш не престанува да плаче, па дури ја прашало својата мајка дали Бог сè уште ја сака. Од друга страна, училиштето одбива да даде коментар за случајот.
Осумгодишно девојче беше избркано од училиште откако признало на другарка од училиште дека се вљубила во неа. Локалните медиуми јавуваат дека Клои Шелтон го посетувала христијанското училиште во Оклахома сè до моментот кога се случил овој „непростлив инцидент“.
Мајката на ученичката, Делејни Шелтон, раскажа како заменик - директорот на училиштето ја повикал нејзината ќерка во канцеларијата и започнал да ѝ го пере мозокот со библиски учења. На девојчето, наводно, му било кажано дека „Библијата вели дека може да се ожениш само со маж и да имаш деца со него“.
Осумгодишното девојче одговорило дека смета дека е „во ред и на девојчињата да им допаѓаат на девојчиња“, но тоа признание го „шокирало“ и го „зашеметило“ заменик директорот. Кога нејзината мајка се јавила во училиштето, заменик директорот ја прашал дали смета дека е во ред нејзината ќерка да чувствува привлечност од ист пол, на што таа кажала дека не гледа „никаков проблем“ во тоа.
„Тие ја избркаа мојата ќерка од единственото училиште што некогаш го познавала, ја одделија од нејзините наставници и пријатели што ги запозна во изминатите четири години заради нешто што веројатно не го знае или не го разбира во целост“ - рече револтираната мајка.
Клои била донесена дома тој ден, а директорите и кажале да не се враќа. Да бидат работите уште полоши, по тој „инцидент“, од училиште е избркан и петгодишниот брат на Клои. На мајката наводно ѝ објасниле дека нивните верувања не се совпаѓаат со верувањата на семејството Шелтон и дека тоа е причината за бркањето.
Во видеото во продолжение може да ја слушнете целата приказна: