Поради нив се познати: Актери кои ги мразат улогите што ги прославија

Поради нив се познати: Актери кои ги мразат улогите што ги прославија

Објавена во: Stars // Филм

Секоја ѕвезда станува позната по една улога по која ја паметиме, колку години и да поминат потоа. Но сепак, додека ние воглавно ги обожаваме тие ликови, некои актери и актерки ги мразат своите улоги. Во продолжение дознајте кој и не го обожава фактот што останал запаметен токму по тој лик:

# Емилија Кларк

Додека сите ја знаеме Емилија по улогата на Денерис во хит серијата „Игра на тронови“, таа ја глумеше и Сара во филмот „Terminator: Genisys“. Таа во едно интервју истакна дека жали за овие улоги.

# Пен Беџли

Актерот, познат по серијата „Gossip girl“, се согласи да го глуми Џо во серијата „You“, но сепак, никако не бил задоволен што стана ѕвезда и во оваа серија.

# Роберт Патинсон

Верувале или не, но Роберт го мрази филмот „Twilight“ и неговата улога Едвард, иако поради тоа стана познат.

# Кејт Винслет

Иако оваа улога ја вброи во ѕвездите и ѝ ја наполни сметката во банка, а благодарение на истата го запозна својот најдобар пријател Леонардо Ди Каприо, Кејт ја мрази улогата на Роус во филмот „Титаник“.

# Блејк Лајвли

Уште една ѕвезда од серијата „Gossip Girl“ која не ја сака својата улога. Имено, актерката Блејк воопшто не е задоволна од ликот на Серена, бидејќи не можела да се поврзе со неа.

# Зек Ефрон

Иако улогата на Трој во „Средношколскиот мјузикал“ го прослави, Зек изјави дека од оваа перспектива, ќе го истепа Трој.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: