Поради реченица изговорена на нејзина сметка во позната серија збесна: Тејлор Свифт се огласи на Твитер

Поради реченица изговорена на нејзина сметка во позната серија збесна: Тејлор Свифт се огласи на Твитер

Објавена во: Stars // Филм

Комичната драмата „Ginny & Georgia“ руши рекорди по гледаност и моментално е најгледаната серија на „Нетфликс“, но некои сè уште не ја имаат изгледано.

Имено, Тејлор Свифт е лута поради реченицата што сценаристите Дебра Џеј Фишер и Сара Ламперт ја внесоа во една сцена, па таа даде свој коментар на Твитер.

„Еј, „Ginny & Georgia“, се јави во 2010 година и сака да ја врати нејзината мрзлива, длабоко сексистичка шега. Како би изгледало доколку престанеме да ги деградираме жените кои напорно работат да го дефинираат ова коњско гомно како смешно. „Нетфликс“, ова не е слатко по документарниот филм „Miss Americana“. Среќен месец на женската историја, претпоставувам“ - напиша пејачката која е во врска со актерот eо Алвин од 2016 година, а се шпекулира дека се венчале.


Тејлор ја вознемири сцената во која главните ликови, ќерката Џини и мајката Џорџија, разговараат за врските. Џорџија ја прашува Џини дали раскинала со своето момче.

„Што ти е гајле? Преку мажи поминуваш побрзо од Тејлор Свифт“ - одговара таа на нејзината мајка.

Овој текст им пречеше на обожавателите на пејачката, а некои дури повикуваа на бојкот на серијата, додека некои коментираат дека е вистина и дека Тејлор не знае да се шегува на своја сметка.

„Те сакам Тејлор, но оваа таканаречена шега е вистинита. По Келвин Харис беше со Том Хидлстон и потоа беше со Џо Алвин. Навистина е брзо“, „Радувај се, Тејлор. Престани да се лутиш на секое нешто. СтаратаТејлор ми се допаѓаше повеќе“, „Таа беше во врска четири и пол години и со осум мажи за осум години. Како може тоа да е многу?“, „Ние ти го чуваме грбот, кралице“, „Се согласувам со тебе“ - се дел од коментарите кои нејзините следбеници ги напишаа на Твитер. 

Некои луѓе истакнаа дека во серијата се прават грди шеги и со некои други познати жени, како Лејди Гага и Лана Дел Реј. Инаку, „Нетфликс“ минатата година го објави документарниот филм „Miss Americana“, кој ја следи Свифт и нејзиниот живот во текот на неколкуте години од нејзината кариера.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: