Поради улогата во Бетмен, Роберт Патинсон потполно се транформираше: Во новиот трејлер сите гледаат во Зои Кравиц
Ова звучи и изгледа како вистински Бетмен филм. Или поточно, како филмот на Крис Нолан за познатиот суперхерој, што е веројатно најпозитивниот коментар што режисерот Мет Ривс ќе го добие откако беше прикажан првиот трејлер за неговата верзија на приказната на „DC Comics“. Ѕвездата е, се разбира, Роберт Патинсон, кој од резервиран вампир од тинејџерската трилогија „Самрак сага“ премина во лик кој се споредува со Кристијан Бејл.
Патинсон претрпе целосна трансформација. Нема шанси да откриете дека тој се крие под костимот и маската на Бетмен. Изгледа набилдано, самоуверено и така звучи. Неговиот глас е апсолутно непрепознатлив и всушност звучи повеќе како Кристијан Бејл отколку како Патинсон. Целта е Бетмен, но и целиот филм, да има потемен тон отколку што беше случај со „Црниот витез“, веројатно најомилениот филм од целата франшиза.
На луѓето изгледа им се допаѓа, бидејќи за помалку од еден ден на Јутјуб трејлерот беше прегледан повеќе од 2,5 милиони пати, а на официјалниот Твитер профил на филмот, скоро 4 милиони.
Сценариото е сместено на почетокот на „кариерата“ на Бетмен и тука има негативци со кои Бетмен константно се бори, вклучувајќи го и Ридлер, кој ќе биде најголемиот проблем, и кој е прикажан во стилот на сериски убиец.
Џефри Рајт ќе се појави како Џејмс Гордон, Енди Серкис како Алфред, Колин Фарен како Пингвин и највпечатливата Зои Кравиц како „Жената мачка“. Најголемиот број коментари стигнаа токму на нејзина сметка.
Актерката изгледа одлично како „цивилно“ алтер - его на „Жената мачка“, Селина Кајл, која станува кошмар за Бетмен и изгледа дека одлично се снајде во култната улога. Сцените што ги има со Патинсон се некои од централните во првиот трејлер за филмот кој ќе може да го гледаме на почетокот на следната година. Најпрво ја гледаме во нормален костум со подолга коса, а потоа има само навестување за познатиот кожен костим и Зои со кратка фризура.
EVERYONE LOOK AT ZÖE KRAVITZ’S SERVE IN THE BATMAN NOW- #TheBatman pic.twitter.com/GeMmaemBFg
— TIM DRAKE BISEXUAL (REAL) (@SPOILERSDRAKE89) October 16, 2021
The new #DCFanDome trailer for #TheBatman gives much of the spotlight to Zoë Kravitz's Selina Kyle AKA Catwoman https://t.co/cqgJEpzNDb pic.twitter.com/NFPORDKSPG
— The Hollywood Reporter (@THR) October 16, 2021